logo


Ви благодариме на вашиот интерес за ДЕЛФИН ТИМ

Носени со идејата, по углед на современи и модерни трендови од Скандинавските држави кои пружаат професионална услуга за чистење и одржување на хигиената во објектите и нивната околина, создадовме квалитетен, професионален и обучен тим ДЕЛФИН ТИМ.

ДЕЛФИН ТИМ е специјализирана агенција за професионално чистење и одржување на хигиена.

Професионалност, стручност и искуство во работата на нашиот тим, споени со современи машини и хемиски средства од најреномирани светски произведувачи, обезбедува висок квалитет на вашата побарувачка. ДЕЛФИН ТИМ Ви нуди широк спектар на услуги од областа на хигиената. Вршејќи ги услугите гарантираме врвен квалитет, потполна сигурност и дискреција од страна на нашите вработени.

На евентуални проблеми и несогласувања реагираме веднаш и секогаш сме достапни и спремни да Ви излеземе во пресрет. Со нашата флексибилност секогаш се прилагодуваме на потребите на клиентот. Мотиви на нашата успешна работа се брзината, ефикасноста и квалитетот во пружањето на услугите на заедничко задоволство.

Зошто да го губите Вашето драгоцено време, зошто да размислувате за хигиената, препуштете го тоа на нас, искористете некои од услугите кои ги нуди ДЕЛФИН ТИМ.

Повикајте не и нашиот персонал во најкраток рок Вашиот простор ќе го направи беспрекорно чист.

ДЕЛФИН ТИМ ќе ви го подари она најскапото - СЛОБОДНОТО ВРЕМЕ.

Ви благодариме на довербата.