y

 

Редовно чистење

Под редовно чистење се подразбира најмалку едно доаѓање на нашиот персонал во текот на неделата. Потребно е да се дефинира денот на доаѓањето на персоналот како и листата на хигиенските услуги и динамиката на спроведување на истите на месечно ниво. Континуитетот на доаѓањето на персоналот зависи од Вашите хигиенски потреби. Тоа може да биде еднаш, два, три или повеќе пати во текот на една недела. Услугата ги вклучува сите потребни потрошни материјали, опрема и средства за работа. Препорачуваме комбинација на редовното чистење со машинско чистење.

Редовно чистење се спроведува на: станбени згради, станбени простории, деловни простории, угостителски објекти, хали и магацини.