logo

 

Чистење на станбени простории

Секоја станбена просторија е специфична на свој начин и бара посебен пристап при правење на листата на услуги. Листата на услуги ја планираме заедно со Вас. Нашата агенција Ви ја нуди следната листа на услуги на една станбена зграда.

Опис на услуги кои се вршат при генерално чистење:

• Собирање на пајажина
• Бришење на ѕидни површини
• Бришење на лустери, корнизи, прекинувачи и штекери
• Бришење на внатрешен дел на ролетни
• Бришење на рамки на прозорци и врати
• Бришење и миење на стаклени површини
• Бришење на влезни и внатрешни врати
• Бришење на прашината на мебелот
• Бришење на апаратите за домаќинство
• Бришење на надворешен дел од кујна
• Бришење и миење на тврди подни површини со рамен моп
• Усисување на подни површини
• Комлетно бришење и миење на санитарен простор
• Метење пред влезните врати
• Метење на тераси

Опис на услугите кои се вршат при длабинско генерално чистење:

• Машинско обработка на мебел
• Машинско обработка на меки подни површини (тепих, етисон)
• Машинска обработка на санитарен простор
• Машинска обработка на апарати за домаќинство (шпорет, фрижидер)
• Бришење на внатрешниот дел на кујната и на останатиот мебел

Горе наведениот опис е стандарден и вообичаен за одржување на хигиена во една станбена просторија. Секако, листата на услуги ја прилагодуваме на Вашите потреби и барања.

Како ги чистиме станбените простории?

• Нашиот персонал доаѓа со службено возило
• Чистењето се врши по договорот со Вас и во склад со Вашите потреби и барања
• Користиме исклучително професионални машини и хемиски средства за чистење
• Имаме основен алат кој може да биде потребен за помали, едноставни поправки

Дополнителни услуги

• Замена на сијалици и прекинувачи
• Чистење на гаражи (надворешни и внатрешни)
• Метење на бетонски стази во дворот